Фото: Слободен печат

Од полноќ дизелот поскапува за 2,5 денари, бензините за денар

Од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени за горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 1,47 проценти. Најголемата промена е кај дизелот, кој поскапува за 2,5 денари по литар. Бензините ќе бидат поскапи за 1 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена повисока за 2 денари. Единствено мазутот поевтинува – за 0,265 денари по килограм.

Од Комисијата објаснуваат дека корекцијата на цените е резултат на движењата на светските пазари. Во изминатиот пресметковен период цената на бензините пораснала за 2,576 проценти, дизелот за 5,201 процент, а екстра лесното масло за 4,681 процент. Во исто време, цената на мазутот е намалена за 0,967 проценти.

Дополнително, врз конечната пресметка влијаел и повисокиот курс на денарот во однос на американскиот долар, кој во анализираниот период се зголемил за 1,5132 проценти.

Колку чини горивото во Европа сега?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот