Фото: Фејсбук/Противпожарната служба на Квинсленд

ФОТО | Мистериозни метални топки се појавија на плажа во Австралија, конечно е откриено што се

Шест мистериозни метални сфери што викендов беа пронајдени на плажата Форест Бич во северниот дел на австралиската држава Квинсленд најверојатно се делови од ракета, соопшти Австралиската вселенска агенција.

Според агенцијата, предметите „најверојатно се резервоари под притисок од вселенско лансирно летало“, а нивната местоположба и карактеристики одговараат на остатоци од странска ракета која неодамна повторно влегла во атмосферата по престој во орбитата.

Во тек е соработка со меѓународни власти за официјално да се утврди од кое лансирно летало потекнуваат.

Поради можната опасност, противпожарната служба на Квинсленд воспостави безбедносна зона од 50 метри околу местото на пронаоѓањето и ги повика граѓаните да не ги допираат предметите, туку веднаш да ги известат службите за итни случаи доколку забележат сличен објект.

На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека станува збор за резервоари за ракетно гориво, кои би можеле да содржат остатоци од запаливи или реактивни материи. Локалните медиуми објавија дека специјализирани екипи во заштитни одела ги сместиле сферите во специјални садови за опасен отпад под полициски надзор.

Жителите на малото крајбрежно место со љубопитност ја следат необичната ситуација.

„Кај нас е многу мирно и ретко се случува нешто вакво. Целата дополнителна активност внесе возбуда во местото“, изјави Лиса Скоби, сопственичка на локален ресторан за брза храна.

Ова не е првпат вселенски отпад да заврши на австралиски брег. Во 2023 година, Индија потврди дека голема метална купола пронајдена на плажа во Западна Австралија била дел од нејзина ракета за лансирање сателити. Сличен сферичен објект беше откриен и во Намибија во 2011 година, за кој експертите тогаш проценија дека најверојатно бил резервоар за гориво од беспилотна ракета.

ФОТО | Браќата Јован и Никола „растураат“ со бурекчилница во Сиднеј: Сакаме да се знае дека бурекот е македонски производ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот