Адам Сандлер/Тејлор Свифт и Тревис Келси/Фото/EPA/ALONSO CUPUL / Patrick Smith / Getty images / Profimedia

Откриен најинтересниот детаљ од свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — еве што им рекол Адам Сендлер во улогата на матичар

Тренерот на НФЛ тимот на Канзас Сити Чифс, Енди Рид, открил интересни детали од спектакуларната венчавка на Тејлор Свифт и Тревис Келс што се одржа во петокот во Њујорк, вклучувајќи го и драгоцениот и многу едноставен брачен совет што им го даде на младенците актерот Адам Сандлер во улога на матичар. 

Славниот комичар и актер ја водел свадбената церемонија на 3 јули во „Медисон Сквер Гарден“ со многу хумор, а неговите совети за долговечен однос ја воодушевиле публиката. Тренерот Енди Рид на настанот во Солт Лејк Сити го пофалил 59-годишниот Адам Сандлер, нарекувајќи го „луд“, но и „феноменален“, а попатно ја споделил и тајната на среќниот брак што актерот им ја упатил на младенците Тејлор и Тревис.

Постојано бакнувајте се

– Адам Сандлер ја водеше церемонијата и им рече: „Бакнувајте се цело време“. Во наједноставна форма, тоа е добра работа. Тешко е да се расправате кога ја бакнувате вашата сопруга или таа ве бакнува вас… И погрижете се да го правите тоа секој ден, секоја минута кога и да имате можност. Само правете го тоа и нема да имате никакви проблеми – раскажал 68-годишниот Рид за „Десерет њуз“.

Дека славниот тренер, кој е во брак од 1981 година, и самиот се држи до тоа правило, потврдила и неговата сопруга Тами, додавајќи дека тој навистина го прави тоа.

Комичарот како совршен избор

Адам Сандлер е многу компетентен за делење брачни совети со оглед на тоа што тој и неговата сопруга Џеки се во среќен брак од 2003 година и имаат две ќерки.

Инаку, актерот неодамна јавно ги пофали и невестата и младоженецот. Сандлер откри дека тој и неговите ќерки ја обожаваат музиката на Тејлор Свифт, додека за Келси, кој има епизодна улога во неговиот претстоен филм „Среќен Гилмор 2“, рекол дека е „одличен актер и прекрасен човек“.

Свадбената прослава, која следеше по три години врска, беше обележана и со ексклузивни настапи на музичките легенди Пол Мекартни, Тим Мекгроу и Стиви Никс.

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчаа — откриено кој ги облече младенците, „Емпајер стејт билдинг“ засветли во нивна чест

ФОТО | Цел Холивуд на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — Селена Гомез, Ед Ширан, Хју Грант, Џиџи Хадид и многу други лудуваа до зори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот