Поранешна мис и нејзиното момче загинаа во земјотресот во Венецуела — беа пронајдени еден до друг во урнатините
Венецуелската манекенка и „кралица на убавината“ Скарлент Родригез е пронајдена мртва заедно со нејзиното момче Хозе Кастро, откако со денови беа пријавени како исчезнати по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни.
Препорачано
Нивната смрт беше потврдена од членови на семејството, со што заврши интензивната потрага во тешко погодениот крајбрежен регион, објавува „Хола“.
Според извештаите на локалните медиуми и изјавите од роднините, Родригез, која ја носеше титулата Мис Гранд Орландо 2025, и нејзиното момче Кастро беа заробени под урнатините на станбената зграда во која живееја во Катија Ла Мар, државата Ла Гваира.
Зградата се урна за време на земјотресот, а спасувачките екипи поминаа денови пребарувајќи ги урнатините, додека нивните најблиски се надеваа дека двојката ќе биде пронајдена жива. За жал, тие надежи беа разбиени кога нивните тела беа пронајдени.
Семејството ја сподели веста преку кампањата „Гоу фанд ми“, започната за покривање на трошоците за погреб.
– За жал, двајцата беа пронајдени мртви… еден до друг, заедно до самиот крај – напиша семејството.
Во објавата, тие им се заблагодарија на сите што помогнаа во ширењето на веста и учествуваа во потрагата во текот на тешките денови по катастрофата. Роднините објаснија дека долгорочната операција за пребарување и спасување создала значителни трошоци, поради што бараат финансиска помош.
View this post on Instagram
Скарлент Родригез имаше 23 години и неодамна доби признание со освојувањето на титулата Мис Гранд Орландо 2025. По потекло од Венецуела, таа изгради кариера како модел, но остана силно поврзана со својата татковина. Иако се натпреваруваше и за титулата Мис Гранд Флорида, која не ја освои, таа стана почитувана личност во заедницата на избори за убавина благодарение на нејзината посветеност.
Две момчиња спасени од урнатините на земјотресот во Венецуела, каде беа заробени со денови


