Џенифер Лопез/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Како Одри Хепберн — погледнете како изгледала Џенифер Лопез на венчавката на Тејлор Свифт

Латино дивата Џенифер Лопез беше меѓу многуте познати гости на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, што се одржа во Медисон Сквер Гарден во Њујорк во петокот. Еден ден откако видео од нејзиното пристигнување на церемонијата се појави во медиумите, 56-годишната пејачка и актерка на Инстаграм ги покажа деталите за гламурозниот фустан што го избрала за свечената пригода.

Некои американски медиуми ја споредија Џенифер со холивудската дива Одри Хепберн, позната по својот уникатен моден стил.

Видеото што го објави Си-ен-ен ја покажува Лопез како пристигнува на венчавката, а потоа таа сподели неколку фотографии од свечениот стајлин.

За нејзиниот стајлинг биле задолжени Роб Зангарди и Мариел Хан, долгогодишни стилисти познати по гламурозните изданија на црвените теписи. Лопез избра драматичен црн фустан со спуштена половина за венчавката на Тејлор и Тревис.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Фустанот имал корсет со квадратно деколте и раскошно здолниште кое напред било пократко и се спуштало во подолг, волуменозен дел направен од различен материјал.

Џеј Ло го комплетирала изгледот со впечатлив двослоен ѓердан, соодветна нараквица и обетки. Таа носела и голем прстен. Косата ја собраја во елегантна пунџа украсена со панделка, а шминката била во топли бронзени тонови. Лопез накратко ја опишала фото-објавата со емотикон во форма на чаша за шампањ.

Свадбата на Тејлор Свифт и играчот на Канзас Сити Чифс, Травис Келси, се одржа речиси една година откако двојката ја објави својата свршувачка во август 2025 година.

Лопез беше само една од многуте ѕвезди кои пристигнаа на прославата. Меѓу гостите беа Селена Гомез, Ед Ширан со сопругата, Зои Кравиц, Дакота Џонсон, Ема Стоун, Ел Гудинг, Бред Пит и Инес де Рамон, Џиџи Хадид и Бредли Купер, Карли Клос и Џошуа Кушнер, Хју Џекман, Мили Боби Браун, Миранда Ламберт,  и Бред Пејсли со сопругаѕа Кимберли Вилијамс-Пејсли.

Како што објави „Пипл“, церемонијата ја водел актерот Адам Сендлер.

Забележливо беше отсуството на некогаш најдобрата пријателка на Тејлор, актерката Блејк Лајвли. Таа не беше поканета откако го прекинаа пријателството поради драматичната судска постапка што ја води Блејк со колегата Џастин Балдони.

Психолозите имаат објаснување зошто голем број луѓе со „будно око“ ја очекуваат свадбата на Тејлор Свифт

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт и Тревис Келси се венчаа — откриено кој ги облече младенците, „Емпајер стејт билдинг“ засветли во нивна чест

Откриени шокантните пораки што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во судската битка против Џастин Балдони: „Овој кловн паѓа на сè“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот