Токио - Фото: pexels-satoshi

Ова е најдобриот град за живот во светот, Европа доминира меѓу првите на листата

Градот во кој живееме може значително да влијае врз квалитетот на секојдневниот живот, од безбедноста и јавниот превоз, до достапноста на зелени површини, културните содржини и можностите за работа.

Според најновото истражување „Монокл – Квалитет на живот 2026“, Токио е градот што нуди најдобри услови за живот во светот. Во Европа, пак, највисоко се рангирани Копенхаген, Лисабон и Виена, кои се издвојуваат по високото ниво на безбедност, развиената инфраструктура и квалитетот на урбаното живеење.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 80 проценти од светското население денес живее во урбани средини, а се очекува тој удел дополнително да се зголемува. Причината е што градовите нудат подобра инфраструктура, повеќе можности за работа и образование, како и попрактичен начин на живот.

Сепак, условите за живот не се исти во сите градови, па затоа квалитетот на живот значително се разликува од едно место до друго.

Во истражувањето „Монокл – Квалитет на живот 2026“ биле анализирани 75 градови ширум светот, а биле издвоени 20-те што нудат најдобри услови за живеење.

За разлика од многу други рангирања, кои најчесто се темелат на даночниот систем, бруто-домашниот производ или трошоците за живот, ова истражување ги зема предвид и безбедноста, сообраќајната и транспортната поврзаност, понудата на продавници и угостителски објекти, како и достапноста на зелени површини.

Дваесетте најдобри градови за живот во светот

1. Токио
2. Копенхаген
3. Лисабон
4. Виена
5. Сиднеј
6. Цирих
7. Мадрид
8. Париз
9. Минхен
10. Осло
11. Стокхолм
12. Милано
13. Барселона
14. Сингапур
15. Амстердам
16. Хелсинки
17. Сеул
18. Мелбурн
19. Ванкувер
20. Кјото

Објавена листата на најсреќни градови во светот за 2026 година — Македонија повторно без претставник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот