Стојанче Ангелов/Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се изгаснати, постои сомнеж дека еден е подметнат — Ангелов апелира: Исчистете ги дворовите

Чистење двор или спој на разлабавени електрични жици меѓу две бандери се првичните индиции за причината за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција во Штип изјави дека надлежните сè уште утврдуваат што точно го предизвикало огнот.

Тој информираше дека пожарот во Општина Пробиштип е целосно изгаснат. Во неговото гаснење биле ангажирани три „ер трактори“, противпожарни единици од повеќе градови, како и доброволни противпожарни друштва од Кочани, Пробиштип и од Виница. Ангелов им се заблагодари и на граѓаните кои вчера со земјоделска механизација помогнале во справувањето со пожарите во Штип и во Пробиштип.

Директорот на ДЗС посочи дека се истражува и пожарот кај штипската „Млекара“, за кој постои сомнеж дека бил подметнат.

Ангелов упати апел до граѓаните да не палат оган на отворено, без разлика дали станува збор за чистење дворови, палење стрништа, расчистување пасишта или за подготовка на скара бидејќи и најмала невнимателност може да доведе до пожар со сериозни последици.

Воедно, тој ги повика граѓаните доколку забележат разлабавени електрични жици или друг дефект на мрежата, веднаш да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 112.

— За пожарот кој што изби на Исарот имаме индиции дека е настанат поради чистење двор на некоја од куќите, но има и одредени индиции дека настанал поради допирање лабави жици помегу две бандери. Се работи на прецизирање на причинителите, но, како и да е, ја користам приликава да упатам апел до сите граѓани да бидат внимателни и никаде никогаш да во текот на летото да не палат оган на отворен простор. Палењето оган од било кој мотив, дали да се зачисти доврот, понатаму земјоделците да ги зачистат своите стрништа, сточарите да ги исчистат своите пасишта некои да напарави скара или друг мотив, може да предизивка пожар со катастрофлани последици, како што на пример е пожарот на Исарот. Иако не е нанесена голема штета, сепак го унакази овој карактеристичен рид кој што се наога веднаш до градот. Апел и до граѓаните, доколку забележат разлабавени жици помегу бандерите, или евентално далеководи тоа да го пријават во ЕВН или на бројот за итни случаи 11 — рече Ангелов.

ЦУК: Активни седум пожари, два локализирани

Ангелов дополнително апелира до сопствениците на викендички, стари и напуштени куќи навреме да ги исчистат дворовите, а доколку е можно и да ги изораат. Според него, на тој начин значително ќе се намали ризикот пожарите да стигнат до објектите, особено во селата каде што има малку жители или куќи кои подолго време не се одржуваат.

— Aпелирам до граѓаните кои што имаат викендици или стари куќи или полунапуштени во нашите преубави македонски села, кои што некои се од разбиен тип, да ги зачистат своите дворови и на тој начин многу ке ни помогнат бидејки не знаеме кога и како ќе избие следниот пожар. При избивањето во места надвор од градовите, во близина на селата, постои голема можност огнот да дојде до овие полунапуштени села, коишто немаат жители или има по неколку возрасни лица. Доколку граѓаните ги исчистат своите дворови и ја искосат тревата, уште одобро ги изорат или малку со мотика, на тој начин ке спречат палење на викендиците — рече Ангелов.

Три активни пожари во земјава, изгоре куќа во село кај Пробиштип

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот