Пијан охриѓанец прегазил тинејџер на велосипед

Петнаесетгодишно момче е тешко повредено откако, возејќи велосипед, било прегазено од автомобил на крстосницата меѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, а возачот избегал од местото на несреќата.

Малолетникот веднаш бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Pолицијата го пронашла автомобилот „фолксваген тигуан“ со охридски регистарски таблички кој бил управуван од 65-годишниот охриѓанец М.Д. (65). Алкотестирањето покажало дека тој имал 0,7 промили алкохол во крвта.

Пијан возач оштетил шест паркирани возила во Охрид и избегал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот