Пијан возач оштетил шест паркирани возила во Охрид и избегал
Полицијата во Охрид вчера уапси 79-годишен возач откако пијан удрил во шест паркирани возила и избегал од местото на сообраќајната незгода.
Препорачано
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, осомничениот имал 1,51 промили алкохол во крвта.
„На 25.06.2026 во 12:20 часот на улица ‘Питу Гули’ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар ‘Туристичка’ во Охрид, управувајќи патничко возило ‘мерцедес’ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото“, се вели во соопштението.
Тој подоцна бил пронајден и бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Пијан возач прегазил пијан пешак во Охрид и избегал – полицијата го пронајде
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
18мин
-
25мин
-
31мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


