Пијан возач прегазил пијан пешак во Охрид и избегал – полицијата го пронајде
Охриѓанец со 2,78 примили алкохол во крвта прегазил пешак и побегнал, но подоцна бил фатен од полицијата.
Препорачано
Според информациите, пијан бил и пешакот, кој со тешки повреди бил пренесен во болница.
„На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, Охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, Охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта“ соопшти МВР.
И кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


