Фото: илустрација / Слободен печат / Ж. Настоски

Млад и пијан тетовчанец сакал со пиштол да ограби кафе-бар, успеал само да го удри келнерот

Во Тетово денеска е уапсен жител на градот кој пијан се обидел да ограби угостителски објект, а кога не успеал, го удрил келнерот и го повредил со дршка од пиштол, соопшти МВР.

„Денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. ​При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,35 промили алкохол во крвта. Претходно, во СВР Тетово А.И.(38) од Тетово пријавил дека околу 15:30 часот на неговото работно место во угостителски објект Х.Д. врз него извршил обид за разбојништво“, пишува во полициското соопштение.

„Според пријавеното, тој влегол во објектот и со закана со пиштол побарал од вработениот А.И. да му ги даде парите. Откако А.И. одбил и му рекол да излезе, помеѓу нив настанала физичка пресметка, при што со кундакот од пиштолот го удрил А.И. во пределот на главата. После тоа, Х.Д. побегнал од местото, но набргу по преземени мерки е пронајден и лишен од слобода.​ Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот