Куклица, фото: Википедија

Британец е осомничен дека со камења нападнал даночни контролори кај Куклица, Обвинителството бара притвор

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело спречување службено лице во вршење службено дејствие, соопшти Обвинителството.

Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија поврзани со контрола на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Осомничениот, како што наведува Обвинителството, фрлал камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат контролата.

Ценејќи ги околностите на случајот, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Насилниците што наплаќаат кај „Куклица“ воделе проекти со ЕУ и со Министерството за животна средина — ќерката била кандидатка на Бачев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот