Дури и Нетфликс повеќе не е недопирлив, паднаа акциите на берза
Акциите на Нетфликс паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по затворањето на берзата. Падот дојде откако најголемата светска платформа за стриминг објави прогноза за приходи и заработка за третиот квартал од 2026 година, која не ги исполни очекувањата на аналитичарите. Netflix очекува да генерира приходи од 12,86 милијарди долари и заработка по акција од 82 центи во периодот од јули до септември. Сепак, аналитичарите во LSEG очекуваа приходи од 13 милијарди долари и заработка по акција од 84 центи, објави Ројтерс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нетфликс истакна дека останува на добар пат да ги исполни годишните цели, проценувајќи дека финансиските резултати се стабилни. Нетфликс сега се обидува да најде нови извори на приходи преку рекламирање, пренос во живо и развој на видеоигри. Компанијата претходно престана да објавува квартални податоци за бројот на претплатници, наведувајќи дека приходите и оперативната добивка се поважни за бизнисот.
Нетфликс моментално има повеќе од 325 милиони претплатници кои плаќаат, но се соочува со зголемена конкуренција од традиционалните медиумски компании, како што се Disney, како и платформи како YouTube и Tiktok. Компанијата смета на раст на својот рекламен бизнис, кој е сè уште во раните фази на развој, и очекува приходите од рекламирање да достигнат три милијарди долари до крајот на годината.
Netflix исто така објави дека брзо ја зголемува употребата на генеративна вештачка интелигенција во производството на содржини. Според компанијата, вештачката интелигенција веќе е користена на околу 300 наслови, главно во постпродукција.


