Бети Стаменкоска Трајкоска на отворањето на новиот спортски комплекс во 11 Октомври Бараки / Фото: Општина Кисела Вода3

ФОТО | Фотосесија на Стаменкоска Трајкоска покрај новоотворениот спортски парк во 11 Октомври

Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска го промовираше новиот, како што вели, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, лоциран во близина на пругите кај Паркот на шахот.

Нов спортски комплекс во 11 Октомври / Фото: Општина Кисела Вода

-Општина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено-велат од Општината.

Оттаму потенцираа дека централно место во комплексот е Калистеник паркот, сместен на површина од 380 квадратни метри, а дополнително овој комплекс располага и со нов терен за одбојка на песок.

Фото: Општина Кисела Вода

Сепак, во објавата на Општината не можеше да се занемарат повеќето портрети од првата дама на Кисела Вода направени на локацијата на новото спортско паркче.

Бети Стаменкоска Трајкоска на отворањето на новиот спортски комплекс во 11 Октомври Бараки / Фото: Општина Кисела Вода
Бети Стаменкоска Трајкоска на отворањето на новиот спортски комплекс во 11 Октомври Бараки / Фото: Општина Кисела Вода
Бети Стаменкоска Трајкоска на отворањето на новиот спортски комплекс во 11 Октомври Бараки / Фото: Општина Кисела Вода
Бети Стаменкоска Трајкоска на отворањето на новиот спортски комплекс во 11 Октомври Бараки / Фото: Општина Кисела Вода3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот