Стевчо Јакимовски влезе во „Шутка“, треба да излезе по Нова година
Партијата на Стевчо Јакимовски, Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) соопшти дека нејзиниот претседател самиот се пријавил заминал на одлежување на затворската казна од шест и пол месеци, која ќе ја лежи во затворот „Скопје“, попознат како „Шутка“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Јакимовски беше осуден поради изградба на објекти од цврста градба без дозвола во дворот на поранешното седиште на Општина Карпош. Тој и неговите адвокати тврдеа дека не се работи за цврсти, туку за монтажни објекти, за кои не била потребна дозвола за градба.
„На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права. Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски“, велат од ГРОМ во соопштението.
ВИДЕО | Луѓе излегоа на протест за Стевчо Јакимовски да не оди во затвор, дојдоа спремни со алат


