Фото: Добрила Андоновска / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Луѓе излегоа на протест за Стевчо Јакимовски да не оди во затвор, дојдоа спремни со алат

Тие тврдат дека објектот е монтажен, а не цврста градба, како што пресуди судот кој го осуди Јакимовски на една година затвор за бесправно градење.

Група граѓани денеска се собраа пред објектот во кој порано беше сместена Општина Карпош, во знак на поддршка за градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој доби правосилна судска пресуда со која треба да лежи една година затвор за бесправна изградба на објектот, објави „Фокус“.

Жена од присутните рече дека е изненадена од информациите дека Јакимовски би можел да биде приведен или осуден поради објектот кој се наоѓа зад нив. Друг учесник на протестот, пак, носеше шрафилица, која ја активираше кога се зборуваше за демонтирањето.

„Оваа барака е од времен карактер, монтажна е и може во секој момент да се демонтира. Овде нема цигли, нема малтер, нема армиран бетон. Сè е монтажно и демонтажно“, рече жената која се обрати во име на присутните.

Поддржувачите тврдат дека конструкцијата може целосно да се расклопи и повторно да се постави на друга локација.

„Кровната конструкција, прозорците, панелите, сè може да се демонтира и повторно да се монтира на друго место. Со тоа може да се увери јавноста и судот дека не станува збор за објект од цврста градба“, порачаа присутните.

На собирот беше упатен апел до судските институции, како што беше наведено, да постапуваат непристрасно и правично.

„Го молиме судството да се издигне над сè и да престане малтретирањето. Овој човек многу направи за општината и заслужува правична постапка“, порачаa апологетите на Јакимовски.

Стевчо Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот