ВИДЕО: Сузана Спасовска се појави на тераса, се сврте и оро — најдобрите моменти од „Комшилук“ во Железара
Фестивалот „Комшилук“ викендов ги собра скопјани и скопјанки во населбата Железара, на културен настан инспириран од операта „Травијата“ на Џузепе Верди.
Препорачано
Љубовната приказна на Виолета и Алфредо се одвиваше на неколку локации меѓу Црвените згради, а во програмата беа вклучени опера, театар, танц и изведби на македонска музика.
Почетокот на приказната
Настанот започна на тревникот спроти Црвените згради, каде што оперските уметници Јаворка Витанова и Денис Димоски ги оживеаја ликовите на Виолета и Алфредо. Првиот чин ја следеше нивната љубовна приказна, придружена со оркестар и бројна публика.
View this post on Instagram
Многу танцување и позитивна енегија
Во текот на вечерта посетителите се движеа од една до друга локација, следејќи го развојот на дејството. Дел од музичката програма се одвиваше од балконите на зградите, а атмосферата ја надополнија танцови настапи и изведби на познати македонски песни. А секоја убава балада води и кон танц со саканата личност, зар не?
View this post on Instagram
Оро пред зграда
Во завршниот дел од програмата, посетителите спонтано се фатија на оро. Просторот меѓу зградите беше исполнет со многу музика, додека голем број граѓани останаа до самиот крај на настанот.
View this post on Instagram
Сузана Спасовска на тераса
Еден од најзабавните моменти беше појавувањето на Сузана Спасовска, која од тераса ги изведе „Супер пар“, „Ај до среќа денот“ и „Џингрлака“. Нејзиниот настап беше дел од свадбената сцена на Виолета и Алфредо, по што публиката продолжи да игра и да пее заедно со неа.
Еј, комшија! Слушна ли што се случи во Железара? Виолета и Алфредо добија среќен крај на „Комшилук“


