Тамара Калиниќ со свршеникот Филипо Теста на Големата трка на Формула 1/Фото: Jerry Andre / imago sportfotodienst / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Најбогатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ замина на својата моминска вечер со приватен авион

Најпознатата и најбога српска инфлуенсерка и модна блогерка, Тамара Калиниќ, се сврши со италијанскиот менаџер Филипо Теста, а подготовките за нивната венчавка се во тек.

Сега таа објави серија фотографии и видеа на Инстаграм на кои се гледа како оди на моминска забава.

Нејзините пријателки ја „киднапирале“ и ја однеле во приватен авион, каде што наздравиле и со нетрпение очекувале да одат на посебна локација.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Луксузот започнал уште на пистата, каде што Тамара и нејзините најблиски пријателки билe пречекани од приватен авион, а шампањот, кавијарот и скапите подароци од модната куќа „Селин“ биле само претходница за она што следуваше.

Сите снимки се преполни со луксуз – ексклузивна храна, пијалаци, додатоци – а потоа се издвојува еден сосема различен детаљ. Сепак, покрај гламур, еден урнебесен и бизарен детаљ го привлече вниманието на сите – персонализираните маички што ги носеа девојките, на кои беше претставен идниот сопруг на Тамара, и тоа без облека!

Тука е и пораката – „Плимата е висока, но јас се држам, ќе бидам твојот број еден“ (The tide is high but I’m holdin’ on, I’m gonna be your number one), што е стих од познатата песна што ја изведува Блонди.

Во серијата фотографии и видеа што ги објави може да се види дека Тамара се пресоблекла во бел мини фустан, а пријателките во беж и златен, и дека одлично се забавуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Планови за венчавката

Во јуни 2023 година, Филипо ја запроси Тамара, на нивната омилена заедничка дестинација, честопати нарекувана нивно бегство од реалноста, во италијанскиот град Равело.

Филипо снимил касета каде на српски јазик ја побарал раката на Тамара од нејзиниот татко, а потоа извадил гламурозен прстен, за кој медиумите пишуваа дека чини 23.000 евра.

Одговорот беше „да“, и по свршувачката, започнаа подготовките за свадбата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


Кога станува збор за венчаницата, Тамара ја сподели првата проба за венчаница на својот тикток-профил.

Во едно од нејзините видеа ан Јутјуб, инфлуенсерката истакна дека сака нејзата венчаница да биде потпишана од италијанската модна куќа „Валентино“.

 

@tamara Trying on wedding dresses for the first time🥹 Prepare for the wedding content now that we have so much work to do #bridetobe #weddingdress #wedding ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono – moshimo sound design


Тамара денес можеме да ја видиме како гостинка на сите важни модни настани низ целиот свет, како и како соработува со најголемите светски брендови. Таа е гостинка и на Филмските фестивали во Кан и во Венеција, како и на спортски настани како Формула 1. Се чини дека таа го живее животот од своите соништа, а нејзиниот свршеник, со кого е шест години во врска, совршено се вклопува во сето тоа.

А кој е Филипо Теста?

Италијанецот се смета за еден од најмоќните луѓе во светот на модата. Тој е менаџер на големи модни брендови како што се „Оф-вајт“ и „Балмејн“, а Тамара еднаш зборувала за својот свршеник како гостинка во емисија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)

Како започнала нивната љубов?

Тамара откри како се запознале таа и нејзиниот свршеник и како започнала нивната љубовна приказна.

„Случајно дојдов на роденденската забава на мојата пријателка, всушност имав други планови таа вечер. Беше во Париз, многу интимна забава во нејзината хотелска соба. Никогаш не сум ја раскажала таа приказна“, рекла таа во таа пригода насмевнувајќи се од среќа, па додала:

„Имаше околу петнаесет луѓе, сите беа луѓе од светот на модата и сите ги познавав. Него не го познавав, но ми беше толку интересен, не знам што ме привлече, јас немам тип на маж и обично не се заљубувам на начинот на кој ќе видам некого и се заљубив. Потребен ми е тој некој шарм.“

И јас сакав толку многу да разговарам со него и ја поминав целата вечер со него. И, гледам дека и тој зборува само со мене и во еден момент ме праша: „Дали утре ќе те видам на некоја модна ревија“, но јас помислив, како маж, прашува дали ќе ме види, ќе ме видиш, чао… Ми се јави наутро: „Дали тргна, те чекам на врата…“, раскажала таа, па признала што најмногу ја привлекувало.

„Некако имаше силен став, тоа ме привлекуваше. Потоа ме праша на првиот состанок, дали сакам утре да вечераме со него, но не знаев дали е деловна вечера или не, не бев сто проценти сигурна. Реков да, ми се допаѓаше, но малку се плашев, бидејќи не сакав да излегувам со некој од модата, за утре да не биде нешто непријатно“, откри Тамара и призна дека набрзо сфатила дека многу ѝ се допаѓа.

„По триесет минути видов дека ми се допаѓа, дека не е деловна вечера и му реков: „Ми се допаѓаш“. Немам време, ако ти се допаѓам, одлично, ако не ти се допаѓам, збогум. Беше многу изненаден и ми рече: „Не го очекував ова, но и ти ми се допаѓаш. Но, не се познаваме…““, рече инфлуенсерката и откри нешто повеќе за карактерот на нејзиниот избраник.

„Видов дека е многу искрен. Очекував, бидејќи имаше голем успех во светот на модата, дека ќе почне да се фали на тој прв состанок, да ми раскажува, но мислам дека жените не ги сакаат фалбаџиите, а тој ги минимизираше сите свои успеси. Беше некако скромен… Сè се случи многу брзо, многу брзо почнавме да живееме заедно.“

Тамара и Филипо сега својата голема љубов ќе ја крунисаат со брак.

ФОТО | Ѕирнете во луксузниот стан на најпознатата српска инфлуенсерка во светот Тамара Калиниќ! Ќе ви го одземе здивот!

ФОТО+ВИДЕО | Сите погледи кон Тамара Калиниќ: Најпознатата српска инфлуенсерка зачекори на црвениот тепих во Кан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот