Емили Ратајковски / Фото: EPA/DAVID SWANSON

Емили Ратајковски без влакна на јазикот: По разводот редев авантури за една ноќ, а мажите беа ликови од пеколот

Манекенката Емили Ратајковски отворено проговори за својот љубовен живот по разводот од актерот Себастијан Бер-Меклард, откривајќи детали за периодот што следувал по крајот на нивниот брак во 2022 година.

Во искрен есеј објавен во „Д кат“, Ратајковски признава дека по разводот започнала да излегува со различни мажи и да се впушта во краткотрајни врски, нешто што дотогаш било целосно непознато за неа.

Таа низ доза на хумор се осврна на неколку необични состаноци и познанства, опишувајќи низа различни личности што ги запознала во тој период – од уметници и готвачи до диџеи и наследници на богати семејства.

Пит Дејвидсон и Емили Ратајковски пред домот на комичарот / 16 ноември 2022 / Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ратајковски открива дека пред раскинувањето речиси никогаш не практикувала краткотрајни авантури.

„Пред моето раскинување никогаш немав врска за една ноќ. Никогаш не сум била интимна со некој што сум го запознала истиот ден. Всушност, сум била со само осум луѓе во животот“, напиша таа.

Манекенката додава дека со текот на времето сфатила дека таквиот начин на запознавање и излегување повеќе не ѝ носи возбуда, па решила да се повлече од тој начин на живот.

Џек Грир и Емили Ратајковски пред нејзиниот дом во Њујорк / 21 декември 2022 / Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Во есејот таа зборува и за распадот на бракот со Себастијан Бер-Меклард, со кого се венча во 2018 година. Нивниот син Слај се роди во март 2021 година, а Ратајковски открива дека неколку месеци подоцна почнале проблемите во нивната врска.

„Шест месеци по раѓањето на мојот син, сопругот и јас престанавме да имаме интимни односи. Помалку од една година подоцна се разделивме“, напиша таа.

Според неа, разводот бил тежок и болен процес, но воедно и важна пресвртница во нејзиниот живот.

Емили Ратајковски и Себастијан Беар-Меклард во 2018 година / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Ратајковски истакнува дека токму разводот ѝ помогнал да ја открие сопствената сила и независност.

„Не бев оставена, јас си заминав. Тогаш сфатив дека можноста да си заминеш, можноста да кажеш ‘не’, е единствената вистинска супермоќ што ја добив од разводот. Бев храбра. Навистина многу храбра“, порача таа.

Да потсетиме, Емили Ратајковски и Себастијан Бер-Меклард се разделија во 2022 година, кога манекенката поднесе барање за развод. Една година подоцна, против Бер-Меклард беа изнесени обвинувања за сексуално вознемирување и несоодветно однесување кон тинејџерки, на кои тој никогаш јавно не одговори.

ФОТО | Емили Ратајковски со бакнежи во јавност ја потврди врската со 10 години постариот режисер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот