ФОТО | Емили Ратајковски со бакнежи во јавност ја потврди врската со 10 години постариот режисер
Манекенката и актерка Емили Ратајковски (34) има нова љубов. Таа ја потврди својата врска со францускиот режисер Ромен Гаврас (44) во неделата вечерта, кога фотографите ги уловија во страсен бакнеж во Њујорк. Гаврас е познат и како поранешен партнер на пејачката Дуа Липа. Емили и десет години постариот Гаврас биле снименi како се држат за раце и си разменуваат нежни погледи додека шетале низ градот. Ова е нивно прво јавно појавување како пар. Тие постојано се бакнувале, а во еден момент Емили, насмеана, му скокнала во прегратка.
Препорачано
За вечерното излегување, Ратајковски избрала опуштена, но впечатлива комбинација – кафен кожен мантил со крзнени ракави, затегнат во половината, под кој носела црн топ и широки црни панталони. Стајлингот го заокружила со црно-бели патики „Пума“ и големи обетки. Ромен, пак, бил во темносин капут преку беж кошула и сина маица, со фармерки и црна капа со штитник.

Ова изгледа е првата нова романса за Емили откако летото 2024 година беше поврзувана со кантри-пејачот Шабузи. Пред него, таа имаше низа кратки врски и медиумски забележани романси. Во март 2023 година беше фотографирана во Токио како се бакнува со Хари Стајлс, а истата година накратко беше во врска со комичарот Ерик Андре. Кон крајот на 2022 година медиумите ја поврзуваа со њујоршкиот уметник Џек Грир, по двомесечна авантура со комичарот Пит Дејвидсон. Во тој период беше фотографирана и со диџејот Орацио Риспо, додека паралелно кружеле гласини дека е во врска со Бред Пит.
Пред низата кратки врски, Емили беше во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард. Се венчаа во февруари 2018 година, а во март 2021 го добија синот Силвестер. Се разделија во јули 2022, а подоцна Емили јавно го обвини за неверство.


