Сорека: Дојде време политичарите во БиХ да ги слушнат своите граѓани
Шефот на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, денес изјави дека е време властите во земјата да ги слушнат своите граѓани, кои уште еднаш потврдија дека сакаат членство во ЕУ, и да го искористат тоа расположение како силен поттик за реформи, пренесува Индекс.хр.
Препорачано
Вчера, Директоратот за европска интеграција на Босна и Херцеговина (DEI) ги објави резултатите од најновото истражување на јавното расположение во таа земја во однос на европската интеграција. Анкетата покажа дека две третини од граѓаните сакаат членство во ЕУ и веднаш би гласале за тоа доколку во овој момент се распише референдум.
Анкетата спроведена во април и мај на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, исто така, покажа дека поддршката за европска интеграција сега е за 4,5 проценти поголема во споредба со истата анкета од 2025 година.
Овие бројки се силна порака. Мнозинството граѓани на БиХ знаат дека членството во ЕУ значи побезбедна и попросперитетна иднина. Политичките актери треба да ја слушаат јавноста и да дејствуваат сега, рече Сорека, коментирајќи ги објавените резултати.
Продолжен притворот на бившиот белградски полициски шеф Веселин Милиќ
БиХ моментално е на последно место во процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан. По неколку години стагнација, во март 2024 година, таа земја доби принципиелна согласност од Европскиот совет за отворање на пристапните преговори, но со услов за усвојување на законот за Судот на Босна и Херцеговина и за Високиот судски и обвинителски совет (ВСО).
Овие закони до денес не се усвоени поради спорови меѓу политичките партии, и поради ова, не е назначено лице кое би било главен преговарач.


