Уништена станбена зграда во Техеран/Фото: ATTA KENARE / AFP / Profimedia

Иран тврди дека договорот со САД нема да се потпише утре

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре.

Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела, рече тој, пренесе Скај њуз.

Се бројат часови до потпишување на првичниот договор меѓу САД и Иран

Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за датумот на потпишување „поради двоумењето на другата страна“.

Пакистанскиот премиер, Шехбаз Шариф, претходно денеска изјави дека мировниот договор меѓу Иран и САД „се очекува да биде финализиран во следните 24 часа“.

Поблиску сме до мировен договор од кога било досега. Со очекуваното завршување во следните 24 часа, Пакистан се подготвува електронски да го потпише мировниот договор веднаш потоа, по што ќе следат разговори на техничко ниво следната недела, рече тој на платформата Икс.

Шариф им се заблагодари на САД и Иран за, како што изјави, „континуираната посветеност за време на преговорите“, како и на партнерите во регионот за поддршката на процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот