Фото: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Мицкоски по средбата со Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната – се наведува во објавата на Мицкоски.

Сиљановска – Давкова за МИА: Историјата е дел од нашиот идентитет, не можеме да ја ревидираме на барање на некој друг

Премиерот посочува дека ја нагласил важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот