Доналд Трамп / фото: Rawpixel / CC0

Трамп: Утре ќе го потпишеме договорот со Иран, Ормускиот Tеснец се отвора за сообраќај

Доналд Трамп објави дека САД утре ќе потпишат нов договор со Иран, кој, според него, целосно ќе го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје. Трамп, исто така, потврди дека веднаш по потпишувањето, Ормускиот Tеснец ќе биде отворен за целиот сообраќај, објави тој на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп остро го критикуваше претходниот договор постигнат од администрацијата на Барак Обама со Иран, опишувајќи го како „лесен, убав, мазен пат до нуклеарното оружје“ и тврди дека доколку тој останел на сила, Иран ќе имал нуклеарно оружје пред шест години и „ќе го користел многу порано“.

Тој го опиша својот нов договор со Иран како сосема спротивен. „Мојот договор со Иран е целосно спротивен, ѕид до никакво никлеарно оружје! напиша Трамп.

Всушност, тие веќе не сакаат нуклеарно оружје, ниту ќе го имаат, ниту преку купување, развој или било каква друга форма на стекнување. Договорот треба да биде потпишан утре“, додаде тој. Тој, исто така, изјави дека односите на САД со Иран сега се „многу различни и подобри“ од претходните администрации.

Трамп најави и идни чекори: „Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја земеме нуклеарната прашина, закопана длабоко под силните потопени гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разредиме и уништиме, било во Иран или во САД“.

Американскиот претседател изрази оптимизам за идната соработка.

Со нетрпение очекуваме соработка со Иран и целиот Блиски Исток, долго во иднината“, рече тој. Тој изрази надеж дека целиот процес ќе биде „брз, лесен и непречен“, но упати и предупредување. „Ако не, имаме последна опција, која се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!

Претходно денеска, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре.

Иран тврди дека договорот со САД нема да се потпише утре

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот