Кир Стармер, премиер на Велика Британија/ Фото: PjrNews / Alamy / Profimedia

Стармер му ветил на Руте дека ќе го објави планот за одбрана пред самитот на НАТО во Анкара

Британскиот премиер Кир Стармер му ветил на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте,  дека неговата влада ќе објави план за инвестиции во одбраната пред самитот на Алијансата во Анкара следниот месец. Во телефонски разговор, Стармер и Руте се согласиле дека сојузниците мора да ја зајакнат својата колективна одбрана и да дејствуваат побрзо како одговор на заедничките и растечките закани, пишува Ројтерс.

Објавата доаѓа во услови на зголемен политички притисок врз Стармер откако министерот за одбрана Џон Хили поднесе оставка во четврток. Хили го обвини премиерот дека не успеал да обезбеди потребни средства за да ја заштити Велика Британија од растечките закани.

Портпаролот на Даунинг стрит го потврди ветувањето на Стармер во соопштение.

Премиерот ги презентираше плановите за инвестиции во одбраната, нагласувајќи ја својата посветеност да ги објави пред самитот на НАТО во Анкара, рече портпаролот.

Името на Трамп мора да се отстрани од Центарот Кенеди

Тој додаде дека Руте го поздравил зголеменото инвестирање на Велика Британија во одбраната како важен придонес кон Алијансата .

Самитот на НАТО во Анкара ќе се одржи на 7 и 8 јули. Британскиот план за инвестиции во одбраната, кој сега е објавен, требаше да биде објавен минатата година. Стармер, исто така, ја повтори својата цел да ги зголеми трошоците за одбрана на 3 проценти од БДП на следната седница на парламентот, велејќи дека националната безбедност останува врвен приоритет на Владата и покрај тешките буџетски одлуки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот