Jaни Атанасов/ФФМ

ВИДЕО | Јани Атанасов е нов фудбалер на Актобе

Во саботата Јани Атанасов (26) беше промовиран како нов играч на фудбалскиот клуб Актобе кој настапува во најдобрата лига на Казахстан.

Македонскиот репрезентативец досега ги бранеше боите на АЕЛ Лимасол со кој запиша 31 настап, и по еден гол и асистенција минатата сезона во грчката Супер лига.

Во својата клупска кариера беше дел од Академија Пандев, турскиот Бурсаспор, хрватскиот Хајдук Сплит и полските екипи на Краковија и Пушча Ниеполомице (позајмица).

Новиот меч Актобе во шампионатот ќе го игра в недела на домашен терен против Алтаи и токму истиот го најави Атанасов:

– Многу сум среќен што сум дел од овој голем и историски клуб. Ве чекаме утре на натпреварот и ветуваме дека ќе се бориме за трите бода. Се гледаме на стадион – се зборовите на Атанасов.

Пред да го облече сениорскиот дрес, настапуваше и за македонските фудбалски репрезентации У17, У19 и У21.

Актобе во својата клупска историја петпати беше шампион на Казахстан, последен пат во 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот