ВИДЕО | Швајцарија води против Катар по првото полувреме со голот на Емболо
После првото полувреме на стадионот во Санта Клара фудбалската репрезентација на Швајцарија води со 1:0 против селекцијата на Катар на Светското првенство во рамките од првото коло во групата Б.
Препорачано
Катарците можеа да постигнат гол веќе после две минути игра, Едмилсон излезе сам пред швајцарскиот голман кој одлично реагираше и не дозволи да биде затресена неговата мрежа.
Нешто подоцна дојде и првата шанса на Швајцарија преку Ндоје, но неговиот удар го одбрани катарскиот голман. Истиот играч пропушта втора голема прилика, беше сам на 10 метри, но шутираше високо над голот.
Во 17 минута главниот судија од Хондурас покажа на белата точка откако катарскиот голман Махмуд Абунада направи прекршок во шеснаесетникот. Ако добро се погледне снимката има и сомнежи дека имало и офсајд пред направениот фаул.
Судијата Мартинез се консултираше и со ВАР по што ја потврд својата одлука. Сигурен од белата точка за водство на Швајцарците беше Брил Емболо.
Швајцарија која ја има фаворитската улога повторно се закануваше, Закарија излезе сам пред голманот на Катар кој излезе како победник во дуелот.
Непосредно пред паузата, Катар повторно дојде до можност за реализација на погодок, но ударот на Едмилсон со левата нога го одбрани Кобел.


