Обвинителството во Албанија побара апсење на 20 лица, можно е да се вклучени во проект поврзан со семејството Трамп
Албанското обвинителство за борба против корупцијата побара апсење на 20 Албанци осомничени за перење пари, од кои некои може да бидат поврзани со туристичкиот проект поврзан со семејството Трамп, објави АФП.
Препорачано
Овој туристички проект во Звернец, кој е заштитено природно подрачје, и на островот Сазан беше причина за серија протести во последните две недели. Неколку илјади демонстранти протестираа и денеска во Тирана.
Според Обвинителството за борба против корупцијата (СПАК), истрагата за меѓународната трговија со кокаин откри вмешаност на неколку лица во „операции кои наводно служеле за прикривање на потеклото на средствата и вклучување на нелегално стекнатиот профит во формалната економија“.
Продолжуваат протестите во Албанија: Урната оградата околу градилиште на луксузно одморалиште
Од 20-те барани лица, четворица беа уапсени во саботата, додаде СПАК, без да го спомене туристичкиот проект Звернец. Во соопштението за медиумите на СПАК се наведува дека судот, исто така, наредил превентивна конфискација на дел од „имотот, осврнувајќи се на договорите за продажба што граѓаните ги склучиле со компанијата. Износот на конфискација, како што се наведува, надминува 128,4 милиони евра.
Во соопштението за медиумите се наведува дека некои од тие сомнителни инвестиции биле „поврзани со проекти за недвижности и градежништво во Тирана, Паласа, Химара и други крајбрежни области“.


