EPA/ROBERT HEGEDUS HUNGARY OUT

Маѓар: Будимпешта и Киев постигнаа договор за Унгарците во регинот Закарпатија

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Будимпешта и Киев официјално постигнале договор за образовните, културните и јазичните права на Унгарците во украинскиот пограничен регион Закарпатија, објави унгарската агенција МТИ.

Маѓар на Фејсбук објави дека украинската страна се согласила да ги спроведе сите точки од договорот во официјален протокол и го вклучила договорот во акциониот план на ЕУ на Украина за етничките малцинства.

За неколку недели успеавме да решиме проблем што владата на  Орбан не можеше да го реши десет години, рече унгарскиот премиер.

Според Маѓар  договорот е „уште еден огромен чекор кон гарантирање на јазичните, образовните, културните и политичките права на Закарпатските Унгарци“. Тој додаде дека „договорот постигнат претходно на експертско ниво сега е одобрен на политичко ниво“.

Стармер му ветил на Руте дека ќе го објави планот за одбрана пред самитот на НАТО во Анкара

Маѓар рече дека вклучувањето на договорот од страна на Украина во Акцискиот план на ЕУ значи дека „спроведувањето на обврските за решавање на прашањата поврзани со правата на Закарпатските Унгарци веќе стана очекување од ЕУ“, додавајќи дека Европската комисија и Европскиот совет ќе го следат спроведувањето на договорот. Според унгарскиот премиер, доколку Украина не ги исполни своите обврски на време, земјата не може да го продолжи процесот на пристапување кон ЕУ.

Со оглед на официјалниот протокол на Украина и вклучувањето на нејзините обврски во Акцискиот план, Унгарија даде согласност за отворање на првиот кластер во преговорите за пристапување на Украина во ЕУ на 15 јуни, забележа Маѓар, но додаде дека „ова е само првиот чекор во долгиот и сложен процес“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот