Субвенции од 10.000 денари за возачки испит за матурантите од Кисела Вода
Општината Кисела Вода че им помогне на матурантите полесно да стигнат до возачка дозвола, со тоа што че покрие дел од трошоците за теоретска и практична обука за возачка дозвола од Б категорија.
Препорачано
Секој одобрен апликант од генерацијата 2026 година ќе добие субвенција од 10.000 денари! За оваа намена, обезбедивме вкупен буџет од 1.500.000 денари. Со овој проект сакаме директно да им помогнеме на матурантите во нивното осамостојување. Верувам дека со овие 10.000 денари значително ќе го олесниме и семејниот буџет на нивните родители, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Право на користење на оваа финансиска помош имаат сите жители на општина Кисела Вода кои се матуранти во 2026 година.
Конечно реконструкција на улицата во Волково што е директна врска до обиколницата
Главен услов е процесот на уплата и следење на обуката во некоја од лиценцираните авто-школи да е започнат заклучно од 1 јануари 2026 година.
Ги повикувам сите матуранти кои ги исполнуваат условите да аплицираат што побрзо! Доделувањето ќе се одвива по принципот „прв дојден – прв услужен“, сè до исцрпување на вкупните средства, посочи градоначалничката.
Целосната документација се поднесува во затворен плик преку општинската архива, која прецизно ќе го евидентира времето на прием.
Сета дополнителна потребна документација и информации поврзани со јавниот повик се достапни на веб-страница на Општината.


