Протести во Рим/Фото: Принтскрин

Екстремни десничари маршираа низ Рим, бараат враќање на мигрантите во нивните матични земји

Околу три илјади крајнодесничарски активисти од цела Италија протестираа денеска во Рим, барајќи „повторна миграција“ на имигрантите назад во нивните земји на потекло, а генералот Роберто Ваначи ја основа својата партија Футуро национале.

 Сакаме да ги протераме нелегалните имигранти, да ги протераме, бидејќи не треба да бидат тука. Тие се оние кои ги силуваат нашите жени. Тие се оние кои ги напаѓаат нашите стари лица. И бидејќи не сме политички коректни, ќе кажеме дека сакаме да ги вратиме и легалните имигранти, оние кои очигледно не се асимилирале или интегрирале, изјави Лука Марсела, портпарол на неофашистичката група КасаПаунд.

Полската јавност во шок: Повеќе од 30 фетуси пронајдени при градежни работи на приватен имот

Истовремено европратеникот Роберто Ваначи го организираше основачкото собрание на својата нова партија, Футуро национале.

Речиси една година пред парламентарните избори во 2027 година, овој член на Европскиот парламент и поранешен член на Лигата сака да се позиционира десно од ултраконзервативната коалиција на италијанската премиерка Џорџија Мелони, на која се приклучи и неговата поранешна партија.

Тој, исто така, се претстави себеси како жртва на медиумите, предупредувајќи ги „ќелавите“ и „тетовирани“ членови на неговата партија да бидат претпазливи со камерите што бараат екстремистички изјави на конгресот, кој беше затворен за медиумите, но се емитуваше онлајн.

„Според мене, никој не треба да влегува во Италија во моментов“, рече Ваначи на прес-конференција кога беше прашан за концептот на „ремиграција“. Партијата на Ваначи веќе има осум претставници во парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот