Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/ANTON VAGANOV / POOL

Додик: Нема да гласаме за влез во ЕУ, таа е преплавена со 40 милиони мигранти

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи, Милорад Додик, денес во интервју за руската агенција Тас изјави дека смета оти мнозинството Срби во Република Српска нема да гласаат за европска интеграција, пренесува Нова.

„Ова, секако, го иритира Брисел, но е резултат на нивната неуспешна политика, насочена првенствено кон поддршка на бошњачките муслимани во Босна и Херцеговина, а не кон објективност, бидејќи тие сакаат Република Српска да биде укината и распуштена“, рече Додик.

Студентите во Србија најавија голем протест во Краљево – Сè се гледа на Видовден!

Тој истакна дека ЕУ направила сè за да го постигне ова, па, заобиколувајќи го законот, организирала тужба против него бидејќи „некој Германец, претставувајќи се како висок претставник, одлучил дека неговите одлуки мора да се почитуваат, а потоа Босна го зела тоа предвид и почнала да ме гони“.

„Што точно може да им даде интеграцијата во ЕУ? Денес тие немаат лидер. Само е прашање на време кога народот ќе почне да ги соборува францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, а ЕУ е преплавена со 40 милиони мигранти. Мислам дека најважно е да се зачува интегритетот на нашето општество, тоа да остане христијанско и да постои православна Република Српска“, рече Додик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот