Продолжен притворот на бившиот белградски полициски шеф Веселин Милиќ
Судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград донесе одлука со која го продолжи притворот на поранешниот началник на Полициската управа на Белград, Веселин Милиќ, кој може да трае максимум 30 дена, објави српски Блиц.
Препорачано
Како што соопшти Вишиот суд, притворот на обвинетиот Веселин Милиќ е продолжен од законски причини, односно поради постоење на посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот, во случај на негово ослободување, ќе уништи, скрие, измени или фалсификува докази или траги од кривично дело.
Бившиот белградски полициски шеф е обвинет за кривично дело Непријавување на кривичното дело и на сторителот.
Вишото јавно обвинителство во Белград му предложи на судијата за претходна постапка на Високиот суд во Белград да го продолжи притворот на седумте осомничени за уште 30 дена во случајот што се води поради извршување на кривично дело тешко убиство против Александар Нешовиќ во ресторанот „27“ на 12 мај 2026 година, а за кого ќе истече 30-дневниот притвор.
Потрагата по телото на убиениот Нешовиќ, како што соопштија службените лица, траела од моментот кога неговата сопруга го пријавила за исчезнат – 13 мај околу 16 часот.
Во сабота, 16 мај, четири дена по убиството, во Путинци биле видени силни полициски сили. Како што било утврдено, таму бил пронајден автомобил „хјундаи“, кој бил користен за транспорт на телото на убиениот Нешовиќ.


