Фото: Општина Центар

На „Ленинова“ ќе се исечат 25 дрвја, биле суви, заболени и небезбедни

Екипи на скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ во наредниот период ќе сечат и кастрат дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, информираа од Општина Центар.

Согласно решенијата донесени од Град Скопје по извршен стручен увид на терен, само на „Ленинова“ на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат исечени 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улицата „Мирослав Крлежа“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до улицата „Орце Николов“, е предвидено сечење на три и кастрење на 13 дрвја.

Според стручниот увид, дрвјата предвидени за сечење се биолошки деградирани, суви, заболени, мртви, или со нарушена стабилност на кореновиот и стеблениот систем, поради што претставуваат потенцијален ризик за безбедноста на јавниот простор. Кај дел од останатите дрвја е потребно кастрење поради суви и надвиснати гранки, тврдат од Центар.

Оттаму додаваат дека дрвјата што ќе бидат исечени ќе бидат заменети со нови садници постари од шест години во ист број и од истиот вид, кои ќе бидат засадени на истата локација каде што е извршено сечењето.

Инаку и на двете улици во тек е реконструкција.

Се реконструира вториот дел од „Ленинова“, ќе се вози само по една лента

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот