Пратеникот што грабна документи од албанскиот парламент е суспендиран на 60 дена
Секретаријатот за парламентарна етика на Албанија денес го суспендираше пратеникот Агрон Шехај откако грабна доверливи документи од канцеларија во Парламентот, објави „Албанијан дејли њуз“.
Препорачано
Шехај, лидер на опозициската партија „Можност“, е обвинет дека украл нацрт-договор за заем од 302 милиони долари од САД за време на вчерашната пленарна седница.
На снимки од надзорните камера се гледа како Шехај излегува со документите, а службеничка која се обидела да го спречи паѓа по скалите.
По инцидентот, претседателот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Тауљант Бала, побара итно апсење на Шехај, обвинувајќи го за нелегално одземање парламентарни документи и за физичка агресија врз вработена.
ВИДЕО | Во Албанија полициски дронови ќе „ловат“ сообраќајни прекршоци
Шехај ја демантираше верзијата за кражба и објасни дека го зел документот за да го прочита, а потоа го вратил.
Собраниските власти соопштија дека суспензијата е изречена додека се утврдуваат последиците од наводното прекршување.
Суспензијата му забранува на Шехај да учествува во работата на собраниските комисии и на пленарните седници во период од 60 дена.
Одлуката предизвика нови политички реакции, при што опозицијата ја критикуваше мерката, додека собраниските власти ја бранеа како неопходна за почитување на институционалните правила и процедури.
Случајот привлече големо внимание во јавноста и политичките кругови, дополнително продлабочувајќи ги тековните судири меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата околу однесувањето во Собранието и транспарентноста на институциите.
Демонстрантите во Албанија ги објавија своите барања: оставка на Еди Рама и преодна техничка влада


