Христијан Мицкоски / фото: Фејсбук

Мицкоски е државен инфлуенсер број еден — тој е во главна улога во над 400 владини стримови

Ако во Македонија се отвори реновирана градинка, се постави камен-темелник на доградба на основно училиште, започне реконструкција на некој локален пат, или, пак, се зачисти некој канал, голема е веројатноста дека таму ќе има камери. Уште поголема е веројатноста дека пред нив ќе стои лично првиот човек на државата, премиерот Христијан Мицкоски, кој на половина од мандатот е во главна улога во повеќе од 400 владини стримови, од кои 117 само во првите шест месеци од 2026 година, покажува истражување на агенцијата Мета.

„Во политичкиот речник тоа се нарекува ‘активности на терен’. Во речникот на социјалните мрежи и инфлуенсерството тоа едноставно значи содржина. Многу содржина. Не заради тоа што ваквите проекти се неважни, напротив. Tуку заради тоа што премиерот секогаш ги користи овие настани за т.н. контрола на наративот или намалување на штетите од разно-разни скандали во дневно-политичкиот циркус“, пишува Мета.

Според агенцијата, Мицкоски нема најголем број следачи на социјалните мрежи споредено со останатите македонски „инфлуенсери“. Ова важи ако ги земеме предвид ТикТок (8.000), Икс (12.000) или Инстаграм (35.000), додека на Фејсбук со речиси 170.000 „следачи“ може да се каже дека е тука некаде на врвот.

„Но, ако се земе предвид квантитетот на продукцијата, односно бројот на видеа, постови и фотографии на кои постојано во центарот на вниманието е еден човек, потоа бројот на прегледи и коментари на сите негови профили на социјалните мрежи, може слободно да се каже дека премиерот е број еден инфлуенсер во државата“, објави агенцијата.

Во вкупно 421 владин стрим, премиерот најмногу зборувал за партиска политика, коалиции и избори. Исто така за економија, цени и животен стандард, како и за ЕУ и спорот со Бугарија.

За споредба од Мицкоски, најпознатиот јутјубер во Македонија во првите шест месеци од годината има повеќе од тројно помалку стримови во живо.

„Ако ги земеме предвид поединечните појавувања во живо на премиерот на владините стримови, такви има вкупно 344 во последните две години, и можеби тоа е најпрецизната бројка која прикажува колку често Мицкоски бил пред државните камери во текот на двете години на власт. Ако се знае дека една година има вкупно 365 дена, тоа значи дека премиерот се стрима речиси секој втор ден во две години на власт“, се вели во истражувањето на Мета.

ВИДЕО: Мицкоски како Вучиќ, го „строи“ Орце низ Скопје: „Со китењево до каде си?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот