Водата не се пие веќе 10 дена, но во Гостивар и натаму граѓаните одат по лекари – викендов хоспитализирани едно дете и еден возрасен

Забраната за пиење вода во Гостивар е на сила веќе 10 дена, но и натаму во болницата „Д-р Ферид Мурад“ и во Здравствениот дом во градот пациенти за првпат бараат лекарска помош поради симптоми со поваќање и дијареа. Вчера во Гостивар поради епидемијата имало 127 прегледи на граѓани што првпат се јавиле на лекар, од кои 91 во болницата „Д-р Ферид Мурад“ и 36 во Здравствениот дом Гостивар. Изминатиот викенд е хоспитализирано едно дете и еден возрасен пациент на Инфективното одделение во болницата, соопшти Министерството за здравство. Само изминатиов викенд 50 деца побарале преглед на педијатрија во истата болница. Од 14 јули до 26 јули вкупно 4.197 граѓани се јавиле на преглед а од нив на 563 им се направени епидемиолошки анкети.

Извор Министерство за здравство
Извор Министерство за здравство

Надлежните според графиконот што им го испратија на медиумите, воопшто не ги водат сите 4.197 пациенти што побарале лекарски преглед како „формални пријави за заразна болест“. Напротив, од 4.197 граѓани што барале медицинска помош, како формални пријави за заразна болест се водат само 833.

Само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле вода со фекалии, ЦЈЗ Гостивар доставил извештај дека водата може да се пие!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот