ВИДЕО | Автомобил влета во толпа на протест за поддршка на студентите во Србија
Маж со автомобил вчера влетал во колона граѓани во српскиот град Бачка Паланка за време на мирен протест за поддршка на студентите, објави „Н1“.
Препорачано
Двајца учесници на протестот биле полесно повредени, а на терен излегла и Итната медицинска помош.
Според очевидците, возачот на автомобил марка „хјундаи“ се залетал во учесниците на протестот.
View this post on Instagram
Граѓаните кои го организирале протестот го опколиле автомобилот откако тој застанал, по што интервенирала сообраќајната полиција.
„Полициското возило беше на крајот од колоната и ја обезбедуваше, додека редарите со елеци го обезбедуваа предниот дел и страничните делови. Го видов возилото и му дадов знак на возачот да застане, но тој се залета кон нас, па моравме да се фрлиме на земја за да го избегнеме“, изјавил за „Н1“ Драган Прпа, член на Собирот на граѓани на Бачка Паланка.
Тој додава дека, откако влетал во толпата, возачот се вратил наназад и удрил во неколку учесници на протестот.
Полицијата го отстранила возачот од местото на настанот и зела изјави од сведоците и од повредените.
Собирот на граѓани на Бачка Паланка редовно организира прошетки во знак на поддршка на студентите кои протестираат низ Србија, а Прпа тврди дека истиот возач веќе втора недела по ред се обидува да влета со автомобилот во демонстрантите.
За потсетување, по падот на натстрешницата во Нови Сад, на 1 ноември 2024 година, студентите започнаа блокади на факултетот и протести кои на крајот прераснаа во најголемите политички протести откако Српската напредна партија и Александар Вучиќ дојдоа на власт.
Студентите во Србија најавија голем протест во Краљево – Сè се гледа на Видовден!


