Христијан Мицкоски / фото: Фејсбук

Мицкоски призна: со парите позајмени од М-Нав Владата ќе отплаќа кредит во кинеска банка

Откако деновиве се дозна дека Владата позајмила седум милиони евра од државната компанија Македонска навигација, премиерот Христијан Мицкоски денеска призна дека парите, кои Владата ги позајмила и од други државни претпријатија, ќе се користат за отплата на кредит.

Македонска навигација е државно акционерско друштво за контрола на летањето и таа троши пари кои ги собира и распределува паневропската организација Еуроконтрол, па ова отвори прашања за тоа дали М-Нав воопшто смее да ѝ позајмува пари на државата. Одговарајќи на новинарско прашање за намената на невообичаената позајмица, Мицкоски откри дека не била само таа од М-Нав.

„Не се само од МНАВ, таму имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите и истите тие средства во август ќе им бидат вратени на компаниите“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека станува збор за постапка која и претходно била применувана.

„Се прави вообичаена процедура што многупати во минатото се правела. Во август тие средства ќе бидат вратени и кај М-Нав, и кај Лотарија и кај МЕПСО“, изјави премиерот.

Владата позајмила седум милиони евра од Македонска навигација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот