Осомничениот за нападот со минибус врз луѓе на „Прајдот“ во Берлин / фото: германска полиција

Целата полиција во Берлин е на нозе — се бара Абдул Б., кој со минибус влета во луѓе на „Прајдот“

Полицијата во германскиот главен град Берли полиција објави фотографија од 21-годишното момче осомничено за нападот со автомобил врз група луѓе собрани за „Парадата на гордоста“. Еден човек загина, а најмалку 16 се повредени. Во тек е потрага по осомничениот низ градот, пренесува АП.

Според германските власти, станува збор за осомничениот идентификуван како Абдул Б.. Нападот се случи синоќа, кога белиот минибус кој го возел напаѓачот влетал во толпа луѓе во паркот „Тиргартен“, во близина на трасата на која се движеле учесниците на „Прајдот“.

Портпаролот на берлинската полиција, Флоријан Нат, изјави дека осомничениот им е познат на безбедносните служби и дека постојат сомневања за негова поврзаност со исламистички кругови во Берлин. Според информациите на германската новинска агенција ДПА, тој во мај годинава бил ослободен од установа за малолетни и млади престапници.

Фото: Clemens Bilan / EPA

Надлежните ги повикаа граѓаните, доколку го забележат, да не се обидуваат самите да го задржат бидејќи е можно да е вооружен и опасен.

По нападот, организаторите ја прекинаа манифестацијата и ги откажаа преостанатите активности.

Полицискиот портпарол Флоријан Нат изјави дека истражителите ги проверуваат сведочењата според кои напаѓачот и откако излегол од возилото, извадил нож и се обидел да нападне луѓе од групата.

Дел од очевидците тврдат дека неколку повредени се здобиле со убодни рани, додека други изјавиле дека виделе лице облечено во црна облека кое носело мачета. Полицијата засега не ги потврдува овие информации и наведува дека тие се предмет на понатамошна истрага.

ВИДЕО | Прекината е „Парадата на гордоста“ во Берлин — возило удри во група луѓе, има повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот