Кејти Пери не дава Трамп да користи нејзина песна: „Мојата музика не е за војна“
Американската поп-ѕвезда Кети Пери остро реагираше откако Белата куќа ја искористи нејзината песна „Firework“ во видео објавено на официјалниот акаунт на „Тикток“, во кое се прикажани снимки од воени напади, пренсува „Вараети“.
Препорачано
Во видеото, објавено во четвртокот, стиховите „бум, бум, бум“ се синхронизирани со експлозии од бомбардирања, а во описот стои пораката: „Иран е предупреден“.
I am deeply appalled and angry to see “Firework” used on the @WhiteHouse TikTok account as a backing track for video footage of military strikes. I did not approve this, I was not asked, and I absolutely do not condone it.
I wrote this song to be an anthem of hope, healing, and…
— KATY PERRY (@katyperry) July 25, 2026
Пери во објава на платформата Икс јасно порача дека не била консултирана за користењето на нејзината музика.
„Длабоко сум згрозена и лута што „Firework“ е искористена како музичка подлога за видео со снимки од воени напади на профилот на Белата куќа на Тикток. Не дадов дозвола, никој не ме праша и воопшто не го одобрувам тоа“, напиша пејачката.
Таа потсети дека песната ја напишала како химна на надежта, исцелувањето и внатрешната сила за луѓето кои минуваат низ најтешките моменти во животот.
„Да се злоупотреби порака за самодоверба и охрабрување како музичка подлога за уништување и насилство е целосно спротивно на сè за што се залага оваа песна. Мојата музика треба да ги зближува луѓето, а не да слави војна“, истакна Пери.
Видеото беше објавено во период кога администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испраќа предупредувања кон Иран, додека паралелно продолжуваат дипломатските разговори. Иако Белата куќа сигнализира дека засега нема непосредна ескалација, американските сили и натаму изведуваат напади врз цели поврзани со иранската ракетна, поморска и нуклеарна програма.
Кети Пери не е единствената музичка ѕвезда што јавно се спротивстави на користењето на своите песни во политички содржини без дозвола. Претходно слични реакции имаа Аријана Гранде, Сабрина Карпентер, Оливија Родриго, Селин Дион, Нил Јанг и групата „Ролинг Стоунс“, кои го критикуваа користењето на нивната музика во видеа и настани поврзани со Доналд Трамп без нивна согласност.


