Фото: Принтскрин X

ВИДЕО | Претседателот на Казахстан го изненади Путин: Повика на замрзнување на војната во Украина

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, изјави дека мировен договор за Украина е можен доколку Киев и Москва го замрзнат конфликтот и ги продолжат преговорите.

Зборувајќи заедно со рускиот претседател Владимир Путин на форумот „Русија – Казахстан“ во сибирскиот град Омск, Токаев ја пофали „одличната дипломатска флексибилност“ на Путин. Видеото е објавено на социјаните мрежи.

„Ако можам да го изразам моето скромно мислење, откако веќе бев прашан за ова прашање, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се започне со Истанбулската формула 2.0“, изјави Токаев.

Тој рече дека младите Руси и Украинци ги губат животите, оценувајќи дека тоа претставува загуба за „генскиот фонд на братските народи“. Според него, борбите мора да престанат бидејќи, како што наведе, од конфликтот корист имаат само нивните заеднички непријатели.

Според видеото од настанот, Путин делувал видно непријатно додека Токаев го изнесувал својот став.

И руските и украинските сили напаѓале цели во текот на ноќта – загинале најмалку три лица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот