За дури 40 отсто се зголемува данокот на имот во Кочани

Советот на Општина Кочани на денешната седница ја усвои Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на висината на стапките на данокот на имот за подрачјето на Општината, со што овој данок се зголемува за 40 отсто, јавува МИА.

Одлуката беше донесена со 12 гласа „за“ и 7 „против“. За неа гласаше мнозинството – советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, двајцата независни советници од „Сакам живот во Кочани“ и советникот Аки Акиов.

Градоначалникот Владко Грозданов истакна дека зголемувањето на данокот не е самоволна одлука на локалната власт.

-Секој што смета дека неправедно му е утврден данокот има право да поднесе приговор. Ова не е самоволно покачување, туку усогласување што се прави и во други општини. Се согласувам дека Кочани поминува низ тежок период, но секојдневно се соочуваме со голем број барања и проблеми што треба да се решаваат – рече Грозданов.

Претседателот на Советот, Александар Андов, оцени дека одлуката е непопуларна, но неопходна.

-С весни сме дека ова не е популарна мерка. Стручните служби ја разгледуваа оваа одлука со цел да се подобри функционирањето на општината. Понекогаш како советници мораме да покажеме храброст и да донесеме тешки одлуки – рече Андов.

Во текот на расправата беа изнесени спротивставени ставови.

смета дека покачувањето на данокот на имот не е поради обезбедување средства за нови инвестиции.

-Најпрво треба да го подобриме квалитетот на живот на нашите сограѓани, па потоа да ги зголемуваме даноците. Ова покачување не е за нови инвестиции, туку за покривање на финансиска дупка од околу 200 илјади евра. Ако овие средства беа наменети за капитални проекти, јас прв ќе ја поддржев оваа одлука – рече советникот Ивица Лазаров од СДСМ.

Имотот во Скопје ќе се даночи според пазарната вредност — новата проценка на имотите започна од Карпош и од Центар

Советникот Гоце Димитров од ВМРО-ДПМНЕ образложи дека Кочани со години има една од најниските стапки на данок на имот.

– Според пресметките, едно семејство кое досега плаќало околу 1.500 денари данок на имот, со новата одлука ќе плаќа околу 600 денари повеќе годишно, односно околу 50 денари месечно. Не сметам дека тоа е голем износ. Овие средства ќе останат во општината и ќе им се вратат на граѓаните преку проекти. Често се споредуваме со општини како Штип и Кавадарци, а таму данокот е повисок – рече Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот