Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

Барал 18.000 денари за да не укине социјална помош — службеник од Прилеп фатен како зема поткуп

Службеник вработен во прилепскиот Центар за вработување побарал поткуп од 18.000 денари за да му помогне на жител од селото Бело Поле да не ја изгуби социјалната помош, како и неговата сопруга да ја стави на листата на лица што бараат работа.

Полицијата го фатила вчера, кога му биле предавани последните 6.000 денари од поткупот.

Уапсена е градежна инспекторка, зела поткуп од 4.000 евра

-Откако оштетениот и неговата сопруга, корисници на социјална помош, на 23 април добиле СМС-порака од Агенцијата да се јават на обука за работа, осомничениот му рекол дека доколку ја одбие обуката ќе му биде укината социјалната помош. За тоа да не се случи, побарал од него да му дава половина од социјалниот надоместок, односно по 6.000 денари месечно.

Исто така, осомничениот му ветил дека ќе ја евидентира неговата сопруга во електронскиот систем на Агенцијата како активен барател на работа, иако таа немала контролен картон и не го доставувала во Центарот на увид – соопшти Обвинителството.

Следниот ден, оштетениот во канцеларијата му однел 4.000 денари, а потоа уште 2.000 денари и продолжил месечно да му исплаќа. При предавањето на последниот износ од 6.000 денари на 24 јули, полициските службеници ги пронашле и одзеле банкнотите од осомничениот, по што тој веднаш бил приведен.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп доставил предлог за определување мерка притвор. Осомничениот се гони за кривично дело „примање поткуп“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот