ФОТО | Светско, а наше — фудбалерите на Светското првенство трчаа во патики на Сатја Грабулоски

Уметникот Сатја Грабулоски, основач на „Свитхадот студиос“, уште еднаш покажа дека е вистински амбасадор на Македонија со своите рачно изработени дизајни – од патики до облека. По соработките со најголемите имиња од спортот и шоу-бизнисот, неговите креации беа дел и од годинашното Светско првенство во фудбал.

За најголемиот светски фудбалски настан, Грабулоски и неговиот тим изработија специјални персонализирани копачки за неколку репрезентативци.

Меѓу нив е капитенот на Босна и Херцеговина Един Џеко, за кого беа изработени копачки инспирирани од неговата татковина, со препознатливите три линии на „Адидас“ изработени од 18-каратно злато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)

Един Џеко / Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Особено внимание привлекува и проектот за репрезентативецот на Курасао, Тахит Чонг. За него беа создадени четири различни пара копачки, инспирирани од историјата, природните убавини и спортските легенди на Курасао, како и од неговиот сон да настапи на Светско првенство.

Проектот беше придружен и со серија видеа, режирани од познат видеограф од Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tahith Chong (@tahithchong)

Тахит Чонг / Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Грабулоски изработи уникатен дизајн и за капитенот на Турција, Хакан Чалханоглу. Копачките беа целосно украсени со 18-каратно вистинско стопено злато, но не стигнаа на теренот, бидејќи турската репрезентација го заврши настапот порано од очекуваното.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Во неговото портфолио за Светското првенство се најдоа и капитенот на Узбекистан, Елдор Шомуродов, како и Абосбек Фајзулаев, кој испиша историја постигнувајќи го првиот гол за Узбекистан на Светските првенства.

Елдор Шомуродов / Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Абосбек Фајзулаев / Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Меѓу најновите проекти е и дизајнот за легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ. Копачките, според тимот на „Свитхадот студиос“, наскоро ќе бидат претставени и пред јавноста.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Да потсетиме, Грабулоски со години ја гради една од највпечатливите македонски креативни приказни на глобално ниво. Неговите уникатни, рачно изработени дизајни ги носат повеќе од 400 ѕвезди од А-листата, меѓу кои Новак Ѓоковиќ, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Никола Јокиќ, Дуа Липа, Зендaја, Џејми Фокс, Снуп Дог и многу други.

Тој беше еден од ретките Македонци што добија интервју во американското издание на магазинот „Форбс“, признание кое, како што самиот вели, претставува огромна потврда за работата на студиото.

– Денес, секој проект на кој работам го гледам низ „двојна диоптрија“: дали естетски и визуелно ги исполнува моите стандарди и дали со тоа придонесувам Македонија да биде спомната во позитивен контекст. „Свитхадт студиос“ е единствениот македонски претставник на врвната светска арт/ентертејнмент/спорт сцена со години, па одговорноста е голема, со секој потег на четка не се претставувам само себе, туку и тоа од каде доаѓаме – изјави Грабулоски во интервју за „Слободен печат“ лани.

Иако има можност да работи каде било во светот, тој останува доследен на одлуката неговото студио да биде со седиште во Македонија.

– Сите ние што сме етаблирани надвор од границите на државата, имаме должност и одговорност да ја претставиме, но и да ја отвориме Македонија кон светот. Така сум воспитан и додека можам и имам целосна контрола врз тоа, базата на моето студио ќе биде дома – рече тој во истото интервју.

Грабулоски се најде и на листата на 50 највлијателни личности од Балканот според „Блумберг Адриа“, признание кое, според него, не го доживува како слава, туку како обврска да инспирира нови генерации млади луѓе да сонуваат големи соништа.

Интервју со Сатја Грабулоски, уметник и дизајнер: 400 светски ѕвезди ја носат мојата уметност, но никогаш не заборавам од каде почнав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот