Ноа Лајлс/фото: EPA-EFE/John G. Mabanglo

ВИДЕО | Доминација на најдобрите: Ноа Лајлс и Ша-Кари Ричадсон го освоија првенството на САД

Ша-Кари Ричардсон и Ноа Лајлс триумфираа во трките на 100 метри на Атлетското првенство на САД, кое во вчера вечер се одржа на стадионот „Икан“ во Њујорк.

Ричардсон, 26-годишната американска спринтерка, немаше најдобар старт, но брзо го надомести заостанувањето и славеше со време од 10,77 секунди. Таа ја освои својата трета национална титула на 100 метри, оставајќи ја зад себе тренинг-партнерката Кајла Вајт за 0,13 секунди.

Во машка конкуренција, актуелниот олимписки шампион Ноа Лајлс исто така немаше идеален старт, но со силен финиш ја презеде контролата и го израмни својот личен рекорд од 9,79 секунди.

Второто место му припадна на 32-годишниот Рони Бејкер, трет беше Кени Беднарек, додека Кристијан Колман, партнерот на Ша-Кари Ричардсон, ја заврши трката на четвртата позиција. За Лајлс ова е трета титула национален шампион на САД на 100 метри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот