Ѓоковиќ и Синер/фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Најдобрите тенисери ќе го пропуштат турнирот во Монтреал

Новак Ѓоковиќ и актуелниот шампион на Вимблдон, Јаник Синер, нема да настапат на овогодинешното издание на мастерс-турнирот во Монтреал, потврдија организаторите.

Нивното отсуство претставува голем удар за натпреварувањето, кое ќе се одржува од 2 до 13 август, бидејќи љубителите на тенисот нема да имаат можност во живо да ги следат двајцата врвни светски рекетари.

Синер објасни дека се решил да го прескокне турнирот за да се одмори по исклучително интензивниот дел од сезоната, во кој успеа да ја одбрани титулата на Вимблдон.

По повлекувањето на Синер и Ѓоковиќ, улогата на први фаворити во Монтреал ќе ја имаат Александер Зверев и домашниот адут Феликс Оже-Алијасим, бидејќи и Алкараз исто така нема да настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот