Фото: Национална Пливачка Федерација

Цеков со одличен настап на Европското првенство во пливање на отворени води

Македонскиот пливач Петар Цеков го заврши настапот на Европското младинско првенство во пливање на отворени води во Сукоро, Унгарија, со одлично 18 место од 37 натпреварувачи во дисциплината 10 километри олимписка дисциплина.

Она што овој резултат го прави уште поголем е фактот што Цеков има само 17 години, а настапуваше во конкуренција до 19 години, против најдобрите европски маратонци.

Трката се одвиваше во исклучително силно темпо, со квалитет кој наликуваше на сениорско Европско првенство. На стартот беа присутни најсилните европски пливачки сили како Унгарија, Италија, Франција, Германија, Русија, Турција, Полска, Финска, Австрија, Чешка, Грција, Словачка, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Кипар и други.

И покрај тоа што ова беше неговото прво големо Европско првенство во отворени води, Цеков покажа зрелост, тактичка дисциплина и борбеност, завршувајќи пред голем број репрезентативци на силни европски држави.

Цеков зад себе остави натпреварувачи од Грција, Полска, Чешка, Турција, Швајцарија, Италија, Словачка и Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот