Диди - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Диди е итно префрлен во самица, се степал со друг затвореник

Американскиот музички магнат Шон „Диди“ Комбс бил итно префрлен во самица по физичка пресметка со друг затвореник во федералниот затвор во Њу Џерси, пренесуваа „Пипл“. Според информациите, инцидентот избил откако еден од затворениците вербално го навредил Комбс, по што ситуацијата ескалирала во физички судир.

Диди / Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Затворските чувари реагирале брзо и ја прекинале тепачката, но Диди веднаш бил сместен во изолиран дел од установата.

56-годишниот основач на „Bad Boy Records“ се наоѓа на издржување затворска казна во објектот со низок степен на безбедност во Њу Џерси.

Диди е осуден на 50 месеци затвор поради транспортирање лица со цел вршење проституција. Тој беше ослободен од најтешките обвиненија – рекетирање, заговор и трговија со луѓе за сексуална експлоатација – на судењето што заврши во јули. Сепак, беше осуден според Манoвиот закон, кој забранува пренесување лица преку државни граници со цел извршување сексуално кривично дело.

Шон Комбс – Диди / Фото: EPA/PAUL BUCK

Официјалниот датум за негово пуштање на слобода претходно беше поместено за февруари 2028 година, но засега не е познато дали овој затворски инцидент ќе ја промени одлуката и ќе му ја продолжи казната.

 

Адвокатите на Диди бараат итно ослободување од затвор и укинување на пресудата

Сè уште неизвесно: Поротата не успеа да донесе одлука за ниту една од петте точки од обвинението за рекетирање во случајот со Диди

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот