Шон „Диди“ Комбс / Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Адвокатите на Диди бараат итно ослободување од затвор и укинување на пресудата

Адвокатите на хип-хоп магнатот Шон Диди Комбс поднесоа жалба во вторникот навечер до федералниот апелациски суд во Њујорк, барајќи негово итно ослободување од затвор и укинување на пресудата поврзана со обвиненијата за проституција, или алтернативно – значително намалување на затворската казна од четири години, пренесува „Индепендент“.

Во поднесокот до Вториот апелациски суд на САД на Менхетен, одбраната тврди дека федералниот судија постапил неправедно при изрекувањето на казната, дозволувајќи докази поврзани со обвиненија за кои Комбс бил ослободен да влијаат врз висината на казната.

Комбс моментално ја издржува казната во федерален затвор во Њу Џерси, а неговото ослободување е предвидено за мај 2028 година. Тој беше ослободен од најтешките обвиненија – рекетирање, заговор и трговија со луѓе за сексуална експлоатација – на судењето што заврши во јули. Сепак, беше осуден според Манoвиот закон, кој забранува пренесување лица преку државни граници со цел извршување сексуално кривично дело.

Адвокатите наведуваат дека судијата Арун Субраманијан при изрекувањето на казната во октомври се однесувал како „тринаесетти поротник“, со тоа што ги земал предвид доказите поврзани со обвиненијата од кои Комбс бил ослободен. Според нив, тоа претставува сериозна судска грешка.

Тие истакнуваат дека Комбс е осуден само по две помали точки од обвинението, поврзани со проституција, без утврдена употреба на сила, измама или присила. Одбраната бара апелацискиот суд, кој сè уште нема одржано усна расправа, да ја поништи пресудата, да нареди негово итно ослободување или да му наложи на судијата да ја намали казната.

„Вообичаено, обвинетите за вакви дела добиваат казни пократки од 15 месеци, дури и во случаи кога е докажана присила – што поротата овде не го утврди“, наведуваат адвокатите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот